Правна несигурност за странски инвестиции

Bez autora
Feb 23 2011

Апелациониот суд донесе одлука со кое го повреди правото на сопственост, револтирано реагира Бесим Елшани, бизнисмен од Албанија, чија компанија сакаше да инвестира повеќе од 100 милиони евра во Македонија. Фирмата „Амадеус груп“, е доверител во фабриката за автобуси „Санос“, бараше поништување на продажбата на дел од имотот на фабриката, заради судски нерегуларности. Тоа што ме вознемирува е фактот што законите во Македонија не се почитуваат токму од најповиканите, а тоа се судовите. За правниот тим на „Амадеус груп“, Апелациониот суд донел одлука, која ја базирал на копии од документи. Против ваквите одлуки како што спомнав за жал, нема никаков ниту редовен, нити вонреден правен лек, меѓутоа она што останува, како една сатисфакција за сите учесници-странки во постапката, да се оцени стручноста и совесноста на работата на носителите на судската функција.

Правна несигурност за странски инвестицииАпелациониот суд донесе одлука со кое го повреди правото на сопственост, револтирано реагира Бесим Елшани, бизнисмен од Албанија, чија компанија сакаше да инвестира повеќе од 100 милиони евра во Македонија.

Фирмата „Амадеус груп“, е доверител во фабриката за автобуси „Санос“, бараше поништување на продажбата на дел од имотот на фабриката, заради судски нерегуларности.

„Тоа што ме вознемирува е фактот што законите во Македонија не се почитуваат токму од најповиканите, а тоа се судовите“, изјави Бесим Елшани, „Амадеус груп“.

За правниот тим на „Амадеус груп“, Апелациониот суд донел одлука, која ја базирал на копии од документи.

„Против ваквите одлуки како што спомнав за жал, нема никаков ниту редовен, нити вонреден правен лек, меѓутоа она што останува, како една сатисфакција за сите учесници-странки во постапката, да се оцени стручноста и совесноста на работата на носителите на судската функција“, рече Ѓорѓи Доновски, адвокат на „Амадеус груп“.

За целата како што тврдат скандалозна продажба на Санос, ќе бидат информирани американската амбасада во земјава и меѓународната заедница. Целиот случај сега ќе биде предаден и на Антикорупциската комисија.

„За нас како странски инвеститори од голема важност е да функционира правниот систем. Да имаме доверба во судството, каде што може да се потпреме при решавање на евентуалните спорови“, вели Бесим Елшани, „Амадеус груп“.

Доверителот, компанијата „Амадеус груп“, сега ќе побара преиспитување на постапката од страна на Републичкиот судски совет, откако Апелација пресуди во корист на фирмата „Искра ММ“, која минатата година на тендер купи дел од имотот на „Санос“.

Според „Амадеус груп“, со цената што е платена, „Искра ММ“ ги оштетила доверителите. Одлуката на Апелациониот суд е само продолжение на како што тврдат од компанијата незаконската продажба на имотот на фабриката за автобуси, што преку активирање хипотека на целиот имот ја побара Стопанска банка од Битола.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik